Питата од боровинки и малинки се наметна како нужност за да не одат во компостер вишокот малинки и боровници што ги имав низ дома.

Дали да е пита или да е тарт или да биди некаква штрудла, тоа беа дилемите. 

Тестото за пита е едно и единствено, испробано и секогаш успева. Максимално меко а во исто време крцкаво и полно со путер. 

Состојки за тесто:

Бело брашно 350 грама

Путер – 250грама

Вода – 6 лажички

Сол- ½ лажичка

Шеќер – 1 лажичка

Состојки за фил:

200-300 грама боровинки, исто толку малинки, сок од еден лимон и рендана кора, 100гр шеќер, 1 лажица гриз и 1 лажица нишесте. 

Процедура:

За тестото да е ровко и пуфкасто, путерот мора да е ладен, водата исто така.

Имате опција тестото да го спремите рачно или со сецко за храна. И во двата случаи, најважен момент е водата и путерот да се ладни. Тестот што ќе го добиете на крај не треба да е тесто, треба да се трошки или топченца од измешан путер со брашно и водичка.

Значи, брашното просеано го ставате или во голем сад или во сецко, изборот е ваш. Додавате шеќерот и солта и ги соединувате. Рачно, со мешање со рака, ако е со сецко, еднаш да направи брм брм е доволно.

Путерот! Исечете го на ситни коцки! Ако ви е дома топло (сигурно ви е) после сецкање вратете го на 10 минути во замрзнувач да се стегни. Сериозно е важно да е ладен путерот.

Додадете го во брашното и доколку работите со рака, земете виљушка или орудието што погоре го спомнав и соединете го путерот со брашното. Треба да добиете мали точпченца путер со брашно. Ако работите со сецко, неколку отсечни импулси требаат за да се соедини. Не го оставајте сецкото да врти цело време. Значи, принцип пали гаси! Брм, брм, брм и ќе се соедини.

На оваа песоклива структура ќе ја додадете водата, распоредете рамномерно, не на едно место и продолжете со процедурите погоре објаснети, дури не добиете трошки и топчиња.

Смесата се истура на работна маса и нека не ве плаши што е како песок. Соберете ја со раце и направете 2 идентични купчиња, притиснете ги да се соединат (не да месите) и такви полу соединети, завиткајте ги во најолнска фолија и праќајте ги на заслужен одмор во фрижидер минимум 1 час.

Филот е лесен, сите состојки се мешаат и после се полни питата. 

Тестото го вадите од фрижидер и во исто време почнувате да ја загревате рерната на 220 степени целзиусови. 

Набрашнете ја работната маса, набрашнете го сукалото, рацете, ако сте како мене трапчовци ќе ја набрашните и пола кујна со четврт трпезарија, мачката и инкасаторот.

Тестото го работите, едно по едно! Првото парче го вадите од фрижидер, одмотувате и пробајте да направите накаква топка. Треба да го исукате во круг колку што ви е голем садод за печење, за оваа количина на тесто нешто до дијаметар 24цм ќе ви е доволно.

Оваа пита ја печев во стаклено тавче и малку беше поплитко од стандардното што го имам. Тестото треба да е дебело 7-8мм, смотајте го на сукалото и така префрлете го во садот за питата. Убаво поставете, да нема џебови за воздух. Тестото треба да ја следи формата на садот. Ако имате вишок од страните не е страшно, ќе ја затворите питата со него.

Пред да го ставам филот и да го работам вториот дел од тестото имам навика ова веќе направеново да го ставам во фрижидер да поседи малку, поготово ако температурата во просторијата во која што се работи е височка. 

Вториот дел од тестото исто се расукува и имате опција да го исечите на ленти и да го наредите одозгора како плетена кошница или да го исечите со други форми или да го ставите одозгора како чаршав и да ја затворите питата, сите комбинации се можни. 

Да се разбериме, имате милион начини како да ја затворите питата! По инстграм и ФБ ум ќе ви штукни од креативни начини на украсување пита, имајте едно на ум. Ако тоа што сте го виделе нема слика како изгледа печено, не го ни пробувајте. Едно е да ја накитиш питата жива и да изгледа како сузана манчиќ во најубајте деној на лото а друго е истата таа пита да изгледа убво и печена. 

на 220 се печи околу 35 минути и се остава да се олади. 

Изумив да напоменам дека откако ќе го средам горниот дел на питата одозгора турам трошка шеќер и рендам путер дирек од фрижидер изваден. 

Разликата е во јадењето, не е во изгледот.