Облак во пантолони
Ова е приказна за една торта што си го доби името по една песна.
Ме фати некоја романтична мрза, изгледа од времево е. Грми, небото има некаква маслинасто – сива боја, ова грмењво звучи како комшиите над тебе да преместуваат клавир и фрижидер за длабоко и нешто од тие две константно им паѓа. Значи, Денов е под наслов “прекрасен ден да се обесиш во Кичево”. Имав торта нарачка за денес и два тарта борџ од вчера и уште триста други работи и капак на се’ треба да се спакувам и да одам во Струга.
Во моментов сите гледате фудбал Македонија-Холандија, само јас и Ангеле гледаме црн список.
Вчера, свечено за прв пат успеав да си го заклучам клучот в кола заедно со два тарта “живот на село” в гепек, спремни за достава.
Душа ме болеше. Толку глупа не сум била од времето ко зедов да си ја пеглам кошулата на мене. Нејсе, дојде клучар, отклучи, даде и резервен клуч и замислете! Дојде во Недела и не ни наплати суво злато.
Тартовите остана да се испорачаат утрово заедно со тортата.
Немаше жонглирање и драми околу тортата, уредно течеше рецептот.
Во основа, облаков е торта од пандишпан со црн чај и убав ванила крем фил и малку шлаг за одозгора искомбиниран со бело чоколадо.
Ама јас нема да сум јас ако не ја сменам троа.
Наместо обичен крем ванила, направив крем ванила со лаванда и го искомбинира со шлаг пена да се добие многу лесен крем.
За пандишпан од прилика 16цм дијаметар торта треба да искомбинирате 3 јајца со 60-70 гр шеќер и да ги ставите на водена бања додека не наполнат 40°ц и после, со температура, такви омалаксани одат во миксер да се оладат и згуснат.
Дур се густат јајцињата, се топи околу 30-40 мл путер во 50 мл млеко и се додаваат 2-3 прстофати чај да се инфузира(модерна да сум тро) млекото. Во јајцињата додавате 100гр брашно и убаво ги соединувате па дел од смесата ќе измешате со млекото па сите комплет назад. За печење ви треба кружно тавче, се истура смесата во тавчето и се пече 20-30 минути на од прилика 220°ц со надзор. Да не се напрај гламна пандишпанот па да ја прекрстите од облак во Загора тортата.
Кремот е класика. 210 мл млеко се жежи на шпорет со 2-3 прстофати лаванда за готвење. На друга страна се матат 2 јајца со 50-60 гр шеќер во прав и 4-5 лажици густин и троа ванила.
Се тура млекото во јајцињата и после сите топтан се враќаат назад на оган да се згусни кремот.
Густ и ароматичен, се става во фрижидер да олади троа.
На 125мл млеко се додава шлаг пена кесичка и се мати. Поќе сакам шлаг пена во прав отколку течен крем – хопла и тие како неа. ( Ова важи само за растителните кремови)
кремот се соединува со шлагот и се добива седеф крем. Фантастичен е.
пандишпанот го исеков на 4. Првите 2 спрата крем, на третиот портокал-цитрон мармалад од лепотиците ТрекkMе од Охрид па крем и на крај четвртиот спрат и крем одозгора. Слободно може да ја оставите и гола тортата, секако ја личи ама дека во пантолони е облаков, ставив јас крем и одозгора.
За Декорација ги обрав трендафилите и ливадата и го добив денешниот облак во панталони. Правење и украсувањето на тортата беше поезија, ми тргна да си ги редам цветовите како да читам некоја бесна песна. Поезија си сакам многу и тоа си сакам од мала, не од сега. Имам и неколку омилени поети. Од Македонските, омилен ми е Јовица Ивановски и замислете – жив е. Обично цитираме мртви, јас сакам да ги читам и дури се живи. Од омилени домашни поетеси издвојуваме: од Ана Бунтеска ме боли желудникот, а од Ана Голејшка ми се отвора апетит. Лешоски ме крстеше, него не го ни спомнувам, домашен ми е. Имам и странски омилени, не само домашни. Баш се замислив, оти во лексиконите порано не пишевме кој ти е омилен поет/поетеса?
А ова со Мајаковски си влечи влага одамна и си има место околу ребра. Освен рецепт споделувам две нешта од двајца различни ама фантастични.
“Ovo je pesma jedne kosulje…- Мика Антиќ
“Ovo je pesma jedne kosulje,zaljubljene do okovratnika u jednu sasvim banalnu drvenu stipaljku, i glasi:Drzis me na ovoj ljuljasci da se ne okliznem. Da mi suze ispare na suncu.Zahvaljujuci tebi moci cu malo da se nasalim sa stokom i zivinom u ovom dvoristu.Nadimacu se. Raskopcacu svu dugmad na svom platnenom telu.Celo prepodne bicu zastava koja rukavima samara vetar i mirise na sapunicu i nebo.Drzi me cvrsto, ali nemoj da mi zavidis. Mene popodne peglaju.
Somewhere i have never travelled,gladly beyond -E. E. CUMMINGS
“nothing which we are to perceive in this world equals the power of your intense fragility:whose texturecompels me with the colour of its countries,rendering death and forever with each breathing(i do not know what it is about you that closesand opens;only something in me understandsthe voice of your eyes is deeper than all roses)nobody,not even the rain,has such small hands