Humus

Humus
Spread the love

Хумус за мешето

(од хормонално дизбалансирана госпожа и пријател на буквата Х)

🕒 Време на подготовка

  • Подготовка: 30 минути

  • Готвење: 3–4 часа

  • Вкупно време: околу 4 часа и половина

  • Тежина: 🧂 Средно сложен рецепт.

Некои денови не оди ништо како што треба — нервите на максимум, кучињата непослушни, мачето бара љубов, а буквата Х те гледа со потсмев. Во такви моменти, спасот е во тенџере што клокоти.
Овој „Хумус за мешето“ нема наут, туку има душа: јунешко, сланина, печурки, зеленчук и мирис што го смирува и најлутиот ден. Манџа за мацкање, за оближување, за враќање на балансот во светот.

🛒 Состојки

  • 600 г јунешко бутче

  • 100 г сланина

  • 300 г свежи печурки (колку повеќе видови, толку подобро)

  • 2 големи моркови

  • 1 праз

  • 7–8 мали кромидчиња

  • 1 млад кромид

  • 1 млад лук

  • 2 пиперки (едната може да е лута)

  • 100 г доматно пире

  • 1 говедска коцка

  • 1 шака бадеми

  • 2 лажици брашно

  • Масло и малку путер

  • 30 мл рубин вињак

  • 30 мл црвено вино

  • 600 мл врела вода

  • Сол, бибер, чадена пиперка

  • Малку свеж магдонос

Постапка

  1. Основа
    Во тенџере со капак што топтан може да оди во рерна, загреј масло и малку путер. Додај ја сланината исечкана на парчиња големи колку сим-картичка. Пропржи ја до крцкавост и извади ја настрана.

  2. Месо
    Во истото масло се додава јунешкото месо сечено на коцки  од 3-4цм. Се пржи го околу 15 минути додека фати убава златно-кафеава боја.

  3. Кратко запекување
    Тргни го тенџерето од рингла, посипи го месото со брашно, врати ја сланината и стави во рерна на 220°C, без капак, 10 минути.

  4. Додавање течност
    Измешај ја врелата вода со доматното пире и говедската коцка. Прелиј го месото, така што течноста убаво да го покрие.

  5. Долго печење.
    Покриј со капак и печи во рерна околу 2–3 часа на 220°C. Повремено проверувај дали има доволно течност.

  6. Внеси боја и арома.
    Додај ги сите останати зеленчуци (исечкани на парчиња, освен малите кромидчиња). Прелиј со вињак и црвено вино и врати во рерна уште 1 час.

  7. Завршна магија.
    Ако има премногу течност, остави уште 15 минути да се згусне, последните 10 минути без капак — за убава карамелизирана кора.


🍽️ Сервирање

Послужи ја манџата со свеж леб, печени компири или тестенини.
Ако си на диета — барем направи салата за алиби.
Најубавото е на дното на тенџерето — онаа густа „кал“ за мацкање која што е лековита и ја топи нервозата.


💭 Совети

  • Ако сакаш специфичен и несекојдневен вкус, додај неколку зрна суво грозје или сечкано суво доматче пред финалното печење.

  • Виното и вињакот можеш да ги замениш со повеќе вода, ама тогаш губи дел од карактерот — па размисли добро 😄


Како хумусот ја храни земјата, така оваа манџа го храни мешето и душата.
Наздравје! 🍷














Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *