Постојат две работи за кои не сум сигурна која од тие две нијанси повеќе ја бои мојата личност: aлхемичарската љубопитност за совршено искомбинирани состојки кои ја чинат гастрономски убава храната или љубопитноста за личноста за која готвам.
Кога се припрема храната сакам да зборувам со оние за кои готвам. Сакам да знам кои се, од каде се, што ги прави среќни, што ги прави тажни…
И за време на тие мигови, мислам дека храната го добива оној таен зачин кој не е запишан во ниеден рецепт за нејзина подготовка. Храната за време на тие мигови, станува – како за нас. Споделена топлина!

Пиши ми

[contact-form-7 id=”7″]