Буквата Т беше таксана за тулумби или турли тава ама си заврши со Тарт.

Како што имам и претходно раскажано, Тарт е пита без покрив од благо тесто со благи вкусови а киш е иста таква пита со солено тесто за солени вкусови. Французите си ги поделиле и ги именувале за полесно да си бркаат работа. Еден тарт што спремав на буквата Ѕ ми го смени животот. После него почнав да правам тартови скоро секој ден а некои денови правам повеќе од еден. Варијации на тема тарт имам често. Експериментирам со филот и украсувањето, количините и размерите математиките и геометриите. Стигнав до менталната мантра Тартови-Артови за разни градски квартови. Тоа си го повторувам додека го спремам тартот и во тие моменти кога сите работи стивнуваат а јас го започнувам танцот на тартот. Не постои светот, нема галама, мачките и кучињата се бледи силуети. Си врти во глава тартови артови за разни градски квартови а рацеве си се одделуваат од мене и си бркаат работа. Слично е и со тегнење пита, убајни во главата. Мирно ми е.

Не е некоја научна фантастика да се направи тарт, едноставно тесто е од 3-4, состојки со малку промени на температура и троа да заигра сукалото.

Како што почнав да ги правам често и да ги правам за разни луѓе, така почнав да ги украсувам според мојот впечаток што го имам за јадачот на тартот.

Се надевам дека сум го погодила ликот и делото со тартот.

Текстов го пишувам од Корча, дојдов да си купам кравја маст и брашно а Ангеле да си купи пиво :).

Корча има убав кадаиф ама лоши колачи од слаткарница. Има супер кашкавал и многу убав леб.

Тартот -живот на село го склопив случајно, името си е таман! Ист е како нашиот живот на село. Специфичен, полн со нови искуства, различен од она на што си навикнат, ти ги отвора очите, те смее и те дисциплинира. Една утка во чекори и треба пак концертот од почеток. Доволно е благ ама е и кисел, ем тврд ем кремаст. Таман како нашиот живот во Побожје.

за тесто:

220 грама брашно

1 лажиче сол

35 гр шеќер во прав

110гр путер- ладен

Ванила за вкус

Тестото ќе го спремате или во блендер или во food processor или на рака.

Тестото ќе го спремате или во блендер или во food processor или на рака. Треба да се измеша брашното со сол и шеќер и да се додаде путерот исецкан на коцки. Путерот треба да се соедини со брашното (керамички топчиња за печење па можете и така.

Треба да се измеша брашното со сол и шеќер и да се додаде путерот исецкан на коцки. Путерот треба да се соедини со брашното (структура песок) После се додава жолчката, слатката павлака и ванилата. Тестото треба да се собери во топка. Не го преработувајте ќе зеза после и ќе се занесува.

После престојот во фрижидер, расукајте тенкс кора со која што ќе го покриете калапот за тарт. Убаво да се исполни цел калап и да се пополни.

Вишокот, ако го имате, исечете го и наредете го кај што ви е потенко тестото. Не е ништо тешко, треба да му го земиш редот само, после е песна. Се пече на 190 степени дури не порумени кората. Во калапот над тестото, ставете фолија и истурете нешто да му тежи на тестото да не се крева нагоре. Јас си имам грав за таа намена ама ако веќе сакате да трошите пари има порцелански топчиња за печење, може да си ги набавите.

Фил:

Сок од 2 лимони и 1 лајм или во превод 120мл сок

Кора од лимон и лајм

2 цели јајца и 2 жолчки

110 грама шеќер

80гр путер

со маталка се соединуваат јајцата со шеќерот, ренданата кора и сокот. Смесата се става на пареа и се меша дури не се згусне во прекрасен жолт крем.

Се трга од оган и на така жежок крем се додава путерот исецкан на коцки, тазе изваден од фрижидер. Додавајте коцка по коцка и мешајте додека не се соединат а кремот магично ќе се претвори во свиленкаста убавина.

За склопување, сите елементи треба да се ладни. Кремот се истура во кадичката од тесто и се украсува по желба.

За најдобар ефект, ставате во фрижидер и нека живее таму околу 4 часа. После тоа консумирајте одговорно и не се расправајте за последното парче.